По бурните реакции на фановите, Star Wars Battlefront II доби дополнителни промени, но најновата промена никој не ја очекуваше, а тоа е целосно отстранување на валутата која може да се купи со вистински пари, неколку часа пред официјалното излегување на играта.
По катастрофално-лошиот прием од гејмерите не само на економијата, туку и на системот за напредување во играта, од ЕА решија привремено да ја отстранат можноста за купување работи со вистински пари.
Во најновиот блог пост, генералниот менаџер на развојното студио DICE, Оскар Габриелсон, призна дека се свесни за ситуацијата и дека ги слушале повратните информации на фановите и дека не сакаат да се купуваат crystals (дигиталната валута за вистински пари) за да се отклучуваат способности и нови ликови.
„Како се приближуваме кон излегувањето на играта, јасно е дека многу од вас гледаат бројни предизвици во дизајнот,“ објаснува Оскар и додава дека: „Ги земавме во предвид вашите забелешки за тоа дека некои играчи можат да добијат нефер предности. И разбравме дека ова е проблем во една одлична игра. Ова никогаш не нѝ беше намерата. Жал нѝ е што потфрливме тука“.
„Ве слушаме јасно и гласно и ги исклучивме сите можности за купување (со вистински пари) од играта. Ќе поминеме повеќе време во слушање, прилагодување и балансирање. Тоа значи дека опцијата за купување кристали во играта е исклучена, а сето напредување ќе биде само преку гејмплејот. Можноста за купување кристали ќе биде достапна подоцна, но само откако ќе ги направиме соодветните промени во играта.“
The post Микротрансакциите во Star Wars Battlefront 2 се привремено укинати appeared first on IT.mk.