По само една недела од излегувањето FIFA 2012 се продаде во 3,2 милиони копии. Освен што според овие бројки FIFA е најпродавана игра во првата недела оваа година, играта е и најпродавана спорска симулација до сега. Според продажбата FIFA 2012 го надминува својот претходник FIFA 2011 во првата недела за 23 отсто.
Од првите имресии во ЕА направиле значителен напор да ги доближат верзиите за PC и конзоли.Графиката е одлична, публиката е забавна, движењата на фудбалерите изгледаат природни, а коментаторите се одлични и ретко се повторуваат, иако тоа е неизбежно. Секогаш е интересно, и незбежно, да се спореди FIFA 2012 со својот најголем конкурент Pro Evolution Soccer 2012, која во Европа ќе се појави на 14 октоври. И двете игри нудат неверојатна игривост и забава за секој фан на фудбалот, и затоа има чести дискусии за која е подобра. За FIFA 2012 има дискусија и на форум.
За разлика од поголемиот дел на игри кои излегуваат денес, FIFA има и своја демо верзија, сите мечеви се играат на стадионот на Manchester City кои се и соработник на ЕА за ова верзија на играта. Некои од клубовите со кои можете да играте се Barcelona, Manchester United, Arsenal, Milan и некои други. Големината на демото е 1,5 GB.