Изминативе десет дена две игри поставија прилично високи бројки за продажба во првата недела. Првата е Battlefield III со продадени 5 милиони примероци, а втората Batman: Arkham City со продадени 4,6 милиони во првата недела.
Од ЕА дојде веста дека со 5 милиони продадени игри во првата недела, Battlefield 3 е новиот нивен рекордер за најбрзо продавана игра. Со оглед на тоа дека играта првенствено е мултиплеер неочекуванио големиот број на играчи ја загрози стабилноста на серверите, а од ЕА објавија дека искористеноста на серверите во првиот викенд била 89,9 проценти. Најверојатно аналитичарите кои и прогнозираа 8 милиони прдадени копии на Battlefield 3 во 2011 година ќе треба да си ја ревалуирааат првичната проценка.
Вториот кандидат за најпродавана игра во 2011, Batman: Arkham City, во првата недела успеа да продаде неверојатни 4,6 милиони копии. Бројката на продадени игри е уште поимпресивна бидејќи PC верзијата е најавена за 18 Ноември. Моментално Batman е најдобро рангирана игра според metacritic со резултат 97/100. Играта е оценета си 9/10 на gamespot и со 95% на CVG.
На сите кои го играле претходникот Batman: Arkahm Asylum, им е јасно зошто се големи оценките за третата игра на релативно новиот производител на видео игри Rocksteady Studios. Од одличната графика, кастингот на актери за гласовите, потезите и анимацијата па се до отворениот свет во кој е поставена, Batman: Arkham City е со право кандидат за игра на годината.