EA Games ќе затвори дел од своите игри на Facebook поради намалувањето на бројот на активни играчи. SimCity, Pet Society и The Sims Social се првите игри кои компанијата ги отстранува од друштвената мрежа. Некои од игрите сè уште се играни и имаат над милион корисници и се чини дека тука е скриениот дел од приказната, само мал дел (помеѓу 1-3 отсто) од играчите кои играат на друштвената мрежа плаќаат за своето задоволство.
За жал доколку сте потрошиле вистински пари на Facebook монети во играта и не ги потрошите до моментот на затворање, ЕА нема намера да ви ги рефундира во некоја друга игра. Ќе биде интересно да видиме како ова ќе се одрази на игрите кои ќе останат како Bejeweled Blitz, Solitaire Blitz, Plants vs. Zombies.
Можеби за ЕА поважното прашање е околу „always online“-технологија која сакаат да ја применат во своите наслови и што би значело ова за идните корисници. Дали кога ЕА ќе одлучи дека повеќе не е исплатливо да се обезбедува подршка за помалку играните игри, ќе имате потрошено шеесетина долари за нешто што нема да може да го користите?